Во ресторан во главниот грчки град вечерва се убиени двајца државјани на Црна Гора, водачите на таканаречениот Шкаљарски клан. Станува збор за 43-годишниот Стеван Стаматовиќ и неговиот врсник Игор Дедовиќ, кои во моментот биле заедно со своите семејства.

Во пукањето во ресторанот била ранета и една жена. Како што јавуваат српските медиуми, сè се одиграло за 30-тина секунди. Четири лица кои со маскирни униформи влегле во ресторанот и со автомат почнале да пукаат кон масата на која седеле убиените, а на која се наоѓале 10 лица.

За Дедовиќ, кој со неговиот брат важи за водач на наркокланот, имало распишана потерница од Интерпол за обид за двојно убиство на членови од ривалски клан во Котор.

Стаматовиќ е водач на криминална група од Подгорица, која многу соработувала со Шкаљарскиот клан. На јавноста ѝ е познат од истрагата за убиството на Сале Мутави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.