Зоран Заев додека присуствувал на Самитот во Брисел постојано се заканувал дека ќе си поднесе оставка како шеф на македонската Влада доколку Македонија не добие датум за преговори со ЕУ- обелодени Малтиадис Варвициотис, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во разговор за грчкото радио „Реал.фм“.

Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот – рече Варвициотис.

Заменикот-министерот на грчката дипломатија додаде дека во Брисел остварил средба со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со кого се разговарало за спроведувањето на Преспанскиот договор, а го искажа и ставот дека не е мудро Албанија и Македонија да се раздвојат од пакетот бидејќи тоа би можело да доведе до дестабилизација на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.