Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за првпат отворено потврди дека поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Одговарајќи на прашање за Радио Слободна Европа, Вархеји рече дека Лајчак е добар познавач на регионот.

Познавајќи го Лајчак и неговите успеси сметам дека е многу добар избор кој ќе може да му помогне на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, а и мене, да оствариме напредок, рече Вархеји за време на самитот на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан во Прага.

Лајчак ќе биде задолжен да помага во односите помеѓу ЕУ и регионот и за рестартирање на дијалогот помеѓу Косово и Србија кој е замрзнат година и половина поради косовските царини врз увозот на српски производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.