иректорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години.

– Таа количина што падна за 24 часа се интензивни врнежи,, чиј повратен период е повеќе од 100 години. Просечната количина на врнежи во областа Загреб е помала отколку што падна во овие 24 часа, некаде околу 83 литри. Тоа е многу ретка појава, рече таа при гостувањето на ХРТ, јавува новинската агенција Хина.

Невремето кое вчера го зафати Загреб и делови од Хрватска предизвика поплави и голема материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.