Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за Ковид-19 за да присуствуваат на богослужбите одржани во неделата по зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели.

Според новите правила објавени на 18 ноември, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот, објави Ројтерс.

Денеска беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.

Ова е за да се заштитиме себеси и луѓето. Можеби е малку тешко, но ќе истраеме, должни сме да почитуваме сè, вели отец Христос, свештеник во црквата Свети Спиридон во Пиреја.

Некои верници изјавија дека на неделната богослужба се појавиле помалку луѓе од вообичаено поради барањето невакцинираните лица да плаќаат за тестови за ковид-19, бидејќи тоа ги зголемува трошоците за многудетните семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.