Собранието на Сребреница ја усвои Резолуцијата за страдањата на Србите во Сребреница во 20. век. Предлогот за усвојување на Резолуцијата го поднесе потпреседателот на Собранието, Радомир Павловиќ кој е од партијата на Милорад Додик.

Тој порача дека со Резолуцијата се осудуваат злосторствата над српскиот народ и дека со тоа не се намалуваат злосторствата кои биле направени над другите народи.

Најави дека Резолуцијата ќе биде испратена до собранието на Република Српска со барање да ја освои со идентична создржина.

Собранието на Сребреница никогаш не усвои никако документ за геноцидот кој во Сребреница беше извршен над бошњачкиот народ во јули 1995 година.

Србија тогаш не беше прогласена за виновна за геноцид, но според мислењето на судот не го спречила и не ги казнила извршителите. Со оваа пресуда за директно виновни за случувањата во Сребреница во 1995 година беа посочени војската и полицијата на Република Српска.

Пред да почне гласањето за усвојување на Резолуцијата, шесте претставници на бошњачкиот народ ја напуштија седницата. Резолуцијата е усвоена девет дена пред одбележувањето на 26-годишнината од случувањата во Сребреница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.