Oбезбедувањето ми јави дека демонстрантите влегуваат во зградата. Тргнав со лифтот кон вториот влез од Абердарева улица и ги видов како влегуваат. Бргу се вратив назад и им реков на колегите од режија да се заклучат, вака за српски „Новости“, уредникот на Вториот дневник на РТС Душан Убовиќ го враќа филмот од стампедото на демонстранти предводени од лидерите на Сојузот за Србија во седиштето на јавниот сервис.

Одеа од спрат на спрат и дојдоа на трети кат каде седеа новинарите, дактилографите, и самиот Убовиќ.

Колешките се исплашија, се гледаше страв на нивните лица. Го бараа уредникот. Претседателот на „Двери“, Бошко Обрадовиќ ми говореше дека не известуваат од протестите, бараа да се прекине емитувањето, скандираа, мавредуваа…Реков дека не може улицата да одредува што ќе се емитува на програмата. Јас не сум од улица, јас сум народен пратеник, ми одговори Обрадовиќ, раскажува Убовиќ.

фото: RTS

Потоа почнало кошкање. Додека разговарал со лидерот на „Двери“, крај него стоел човел со моторна пила во рацете.

Цело време молчеше и ја држеше пилата, Си мислев што ќе се случи ако ја залапи, наоколу имаше мнпгу луѓе, будала е секогаш будала. А велат упадот не беше насилен. Како, тоа зарем не е насилство? Тоа е исто како некој да ви упадне во станот, да држи оружје и да рече: „Покажи каде е златото и нема да ти направам ништо“, вели Убовиќ.

Се обидел да го запре Обрадовиќ велејќи му дека ова нема да помине, но потоа дошло до туркање, некој го закачил по грб, а потоа со рамото удрил во ѕидот. Демонстрантите тргнале надолу по ходникот, влегле во тонското студио од каде Владимир Мијаљевиќ пренесуваше тенис и го прекинаа. Следната станица им беше уредникот Зоран Станојевиќ. Обрадовиќ бараше минути за опозицијата, Тогаш стигна и полицијата, а вториот Дневник заврши според планираната програмска шема без „неповикани гости“.

Инаку, Убовиќ вели дека инаку инсистира прилозите од протестите „Еден од пет милони“ да добијат простор.

Извештаите имаат од 1,5 до две минути и кога ќе ги споредам со изјавите кои ние ги објавуваме тие се речиси исти со изборот кој го прави телевизијата N1. Жалам што некои колеги не покажаа солидарност туку повикаа на упад во РТС, вели Убовиќ, кој во зградата на РТС беше и на 9 март 1991 година кога беа демонстрациите кои ги предводеше Вук Драшковиќ, тука беше и ноќта кога беше бомбардирана РТС, а 16 вработени ги загубија животите, како и во текот на превратот на 5 октомври 2000 година.

Тој порачува дека по немилиот настан направил и трет дневник, па и вести, а потоа пред разденување си дошол дома враќајќи си го филмот што се можело да се случи.

Моторната пила останала во зградата на Јавниот сервис, во канцеларијата на директорот Драган Бујошевиќ.

Тој имаше идеја пилата да стои на масата додека се обраќа на гледачите во Третиот дневник, но во разговорот закучивме дека тоа сепак не треба да го направи. Таа ќе остане во нашите простории како потсетник на нападот на нашата куќа, раскажува Убовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.