Бројот на заболени од коронавирус во Унгарија може да се искачи меѓу 15,000 и 20,000 неделно, предупреди премиерот Виктор Орбан.

Во неговото неделно радио интервју, Орбан рече дека моментално во болниците низ земјата се лекуваат безмалку 7,000 заболени.

Имаме доволно легла, респиратори и доволно медицински персонал, додаде премиерот. Унгарската Влада воведе нови рестриктивни мерки со кои, меѓу 8 и 22 март ќе бидат затворени сите бизниси освен супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи и медицинските центри. Исклучок се цвеќарниците на кои ќе им се дозволи да работат на 8 март. Унгарија до април ќе има 2,4 милиони вакцинирани граѓани, а до почетокот на мај оваа бројка се очекува да достигне 4,7 милиони. Осум милиони од девет милионската земја ќе бидат вкцинирани до почетокот на јули, најави Орбан. Неговата Влада активно бараше вакцини од сите производители, а самиот Орбан ја прими кинеската вакцина. Премиерот рече дека испораките на вакцини од Русија и Кина течат според предвиденото, но европските производители потфрлиле.

Премиерот рече дека испораките на вакцини од Русија и Кина течат според предвиденото, но европските производители потфрлиле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.