Владата на Унгарија најави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за да ја забрза изградбата на брзата железничка линија Белград – Будимпешта, која треба да биде дел од кинескиот проект Еден појас еден пат (ОБОР).

Делницата во Унгарија долга 150 километри ќе ја гради конзроциум составен од унгарската компанија Опус Глобал и повеќе кинески компании. Инвестицијата се смета дека ќе биде вредна 2,1 милијарди евра, а Унгарија ќе ги отстрани сите бирократски пречки на патот кон овој проект, вклучително и со класифицирање на договорите за изградба, се со цел да ја обезбеди многу потребната инфраструктурна инвестиција во време на тешка светска финансиска криза. Кина планира да изгради транс-балканска железничка линија која ќе го поврзува пристаништето Пиреа во Атина со Будимпешта, што ќе го забрза транспортот на кинески производи кон средна Европа. Македонија би требала да биде важна алка во овој проект. Србија и Унгарија потпишаа договор за изградба на железничката линија во 2014 година, но проектот се соочи со доста одлоговлекувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.