Владата ги продолжува рестрикциите поврзани со коронавирусите до 1 март, изјави шефот на кабинет на Унгарскит премиер Виктор Орбан, Гергели Гулијаш, на денешниот брифинг со новинарите, објави „Дејли њуз хангари“.

Владата ја донесе одлуката по состанокот на оперативното тело одговорно за справување со епидемијата во средата, рече Гулијаш.

Откако беа воведени во ноември, рестрикциите се покажаа ефикасни во спречувањето на епидемијата, рече тој. Сепак, секое олеснување без широко распространета вакцинација ќе предизвика дополнителни бранови, а подоцна ќе доведе до уште построги мерки, додаде тој.

Владата, исто така, ќе ги продолжи своите специјални овластувања за 15 дена од полноќ на 7 февруари и ќе побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба за дополнителни 90 дена, рече Гулијаш. Владата повторно ќе ја разгледа состојбата во втората половина на февруари, рече тој.

Гулијаш рече дека рестркциите можат да се намалат само ако бројот на активни случаи продолжи да опаѓа, или ако има доволно вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.