Учениците во основните и средните училишта во Србија веројатно ќе имаат уште една недела одмор во февруари. Ова поради зголемениот број заразени со ковид во Србија.

Поради Денот на државноста, учениците веќе имаат два неработни дена 15 и 16 февруари. Бидејќи тоа се вторник и среда, во училишниот календар претходно беше планирано да се додаде и понеделник, 14 февруари, а сега, веројатно, распустот ќе биде продолжен за четврток и петок.

Според тој план, учениците ќе бидат слободни од сабота, 12 февруари, а во клупите ќе се вратат во понеделник на 21 февруари.

Така, со два викенда ќе добијат девет слободни дена, што според дел од училиштата ќе биде од помош за решавање на епидемиолошката состојба.

Ваквата одлуката училишниот тим ќе ја донесе денеска, а ќе биде објавена утре.

Учениците ќе продолжат да ја следат наставата по комбиниран модел, а можно е само во некои локални области каде што се шири инфекцијата, децата да се префрлат на онлајн системот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.