Три лица загинаа, а најмалку две се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.

Повикувајќи се на извори од местото на настанот, медиумите јавуваат дека непознати лица пукале во автобусот и ги убиле возачот и двајца ученици.

Во болницата во Пеќ за медиумите потврдија дека во престрелката загинале двајца ученици и возач на автобус.

Од полицијата се уште не ги потврдуваат овие наводи, но во првиот извештај за медиумите изјавија дека се повредени две лица.

Според информациите со кои располагаме, се сомневаме дека имало пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопштија од полицијата во Пеќ.

На местото на настанот е и дежурниот обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.