На депонијата Хускиќи кај Лукавац во Босна и Херцеговина мештаните пронашле мртво новороденче. Веднаш била известена полицијата во Лукавац, како и дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Тузла.

Добивме обдукциски извештај кој покажа дека бебето е родено живо, а потоа и е одземен животот. Најверојатно станува збор за кривично дело чедоморство, а криминалистичката полиција на полициската управа Лукавац и МУП на кантонот Тузла се на терен. Работиме на откривање на лицето кое го сторило ова тешко кривично дело – изјави дежурниот обвинител Ќазим Серхатлиќ.

Утврдено е дека се работи за девојче, а сѐ уште се трага по монструмот кој го сторил делото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.