41 годишниот Марко Вуковиќ од Котор, вчера бил ликвидиран со неколку куршуми во главата во неговиот автомобил во кој се наоѓале двете ќерки и синот.

За среќа тие поминале без повреди.

Вуковиќ е убиен од заседа пред ОУ ,,Борислав Пекиќ“, на Бежаниска коса во Белград.

Како што пренесуваат српските портали, убиецот му пришол зад грб и испукал неколку куршуми во неговата глава во моментот кога седнал во автомобилот во кое се наоѓале неговите деца.

Полицијата стасала многу брзо на местото на убиството и спречила децата кои почнале да излегуваат од школскиот двор, да ја видат ужасната слика.

Убиениот бил капетан на прекуокеански брод и се претпоставува дека учествувал во трговија со дрога.

Изминатите години се води вистинска мафијашка војна меѓу припадниците на црногорските кланови.

Марко Вуковиќ веројатно припаѓал на еден од двата озлогласени мафијашки кланови од Котор, шкаљарци или кавчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.