Денеска се случило двојно убиство во Дасија на Крф, кога напаѓачот кој се заканувал дека ќе ги исели, ја убил својата газдарица и нејзиниот сопруг, а потоа извршил самоубиство, соопштила грчката полиција.

Жртвите биле Грк и неговата сопруга, Французинка, двајцата во 60-ти години, кои поминувале време во Грција и Франција, додала полицијата, пренесува „АП“.

Властите биле известени во 11:30, кога полицијата пристигнала на местото на настанот и ги пронашла телата, пренесува грчкиот магазин „Катимерини“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.