Активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама беше убиен во денешното пукање во градот Елбасан.

Тој беше убиен пред канцеларијата на опозициската Демократска партија по судирот меѓу приврзаниците на двете партии, а четири лица беа повредени.

Десетици луѓе, вклучувајќи го и главниот осомничен кој е поранешен полицаец, беа уапсени по инцидентот, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

Албанските медиуми објавија дека убиството уследило по судирот меѓу приврзаниците на социјалистите и демократите, пред парламентарните избори во недела, и ниту една од партиите не го коментирала инцидентот досега.

Албанците ќе гласаат за избор на нов парламент во недела, а анкетите предвидуваат тесна борба меѓу партијата на премиерот Еди Рама и опозицијата предводена од демократите, според Ројтерс.

Рама, кој ќе се обиде да го освои својот трет мандат во недела, е на власт од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.