Харалд Копиц, кој кон крајот на минатиот месец во изнајмен стан во Загреб ги уби трите свои деца, бил префрлен во Одделот за психијатрија во затворската болница.

Копиц бил префрлен на психијатрија откако поминал извесно време во самица, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Тој се товари дека минатиот месец во изнајмениот стан во кој живеел ги убил своите три деца, по што се обидел да се самоубие.

Копиц во психијатрискот оддел е под строг надзор на лекарите и полицијата.

Неговиот адвокат за загрепскиот весник изјавил дека бил информиран дека неговиот клиент е во болница, но дека и натаму се нема слушнато со него.

Се наведува дека за Копиц досега се распрашувала само австриската амбасада, бидејќи тој е австриски државјанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.