Бегалецот за кого Србија има издадено меѓународна потерница и бара негова екстрадиција од Јужна Африка, веќе 10 години води правна битка пред судовите на оваа африканска држава.

На Добросав Гавриќкој е правосилно осуден на 35 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Миленко Мандиќ и Драган Гариќ во хотелот „Интерконтинентал“ во јануари 2000 година, повторно му е одбиена молбата да биде пуштен од притвор.

Според наводите на јужноафриканскиот „Дејлимаверик“, во април би требало да се знае конечната одлука дали тој ќе биде екстрадиран во Србија, пренесува српски „Објектив“. Гавриќ веќе е 10 години зад решетки и цело време води правна битка за да не биде екстрадиран во Србија.

Уапсен е во март 2011 година како Саша Ковачевиќ, целосно непознат за јавноста. Меѓутоа, подоцна таа година, по убиство на водач на подземјето во Кејптаун, било јасно дека станува збор за бегалец. Тој тогаш бил ранет, а во автомобилот бил пронајден кокаин, поради што бил уапсен. Кога му земале отисоци од прсти, станало јасно за кого станува збор – наведува „Дејлимаверик“.

Минатиот месец судот во Кејптаун одби да му одреди кауција и да го пушти. Во барањето Гавриќ навел дека здравствената состојба му е сериозно нарушена, но и дека сака да и помогне на сопругата во одгледување на нивните деца. Тој ветил дека нема да бега од Јужноафриканската Република, тврдејќи дека тоа е државата каде што живее неговата фамилија.

Во целост е разгледано неговата здравствена состојба, како и фамилијарните врски и имотот – наведе судот во Кејптаун, образложувајќи ја одлуката донесена на 14 јануари, да не му овозможи да се брани со слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.