Словенечката полиција и канцеларијата на Врховното државно обвинителство објавија дека неодамна е откриен словенечкиот огранок на кавачкиот клан, кој е активен од 2018 година, пренесува СТА.

Пред околу една недела, словенечката полиција, во соработка со странски безбедносни служби, уапси неколку осомничени лица во областа Љубљана, Марибор, Крањ и Копер и изврши претреси во 23 куќи.

Приведени се шестмина осомничени, а се верува дека станува збор за лица на високи позиции во оваа организација.

Според неофицијални информации на Вечер, криминалната група наводно шверцувала неколку килограми разни наркотици од Холандија и Шпанија на неделно ниво.

Групата потоа ја продаваше дрога во Словенија, но и извезуваше дрога во Австрија и Германија.

Исто така, постоеше и посебна единица за трговија со дрога со Италија, додека најголемиот дел од трговијата со оружје беше наводно помеѓу Словенија, Србија, Словачка и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.