Твитер означи 11 медиуми во Србија како „медиуми што соработуваат со Владата“ и најави дека нема да ги препорачува на своите корисници

Едвај чекам да ми го исклучат налогот и да бидам уште еден Трамп во светот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ откако РТВ стана 11. медиум во Србија што Твитер нема да го препорачува на своите корисници, означувајќи го како медиум чија уредувачка политика ја контролира Владата, преку финансирање или директни или индиректни притисоци.

Како што објави Н1, Вучиќ не гледа што е тука спорно.

„Па со кого ќе соработуваат? Со магнати, криминалци и крадци? Најнормално е тие да соработуваат со Владата. Ние ги плаќаме повеќето од тие медиуми, како држава. И тие ги плаќаат Гласот на Америка, Би -би -си, а не ги означија како владини медиуми. Ова води кон друго прашање, кој е, всушност, тука вистинскиот цензор. „Така што, едвај чекам да се исклучи мојот налог и да бидам уште еден Трамп во светот“,

вели Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.