Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, одговарајќи на прашања од пратениците, изјави дека сценариото за енергетска криза во текот на есента е можно и во Црна Гора.

Тој рече дека вицепремиерот на Германија изјавил дека луѓето треба да се подготват за кратко туширање и да подготват топла облека за зимскиот период бидејќи смета дека наесен ќе има енергетска криза и додаде дека ќе наидат на потсмев доколку некој oд членовите на црногорската влада го изјави тоа.

„Неколку пати спомнав дека ова сценарио може да и се случи на Црна Гора, а нашата цел е тоа да не се случи. Сите активности на сите министри се пренасочени кон тоа“, рече Абазовиќ, пренесува Вијести.

Тој рече дека ќе дојде до енергетски колапс доколку наесен испораката на гас од Русија во Западна Европа не e на ниво што ја задоволува нивната економија.

Тоа ќе значи дека ни со пари нема да можете да добиете струја, се надевам дека нема да се случи“, изјави Абазовиќ.

Тој рече дека фокусот на оваа Влада се економски теми, а медиумите ставаат акцент на други теми.

Тој рече дека граѓаните на Црна Гора плаќаат најевтино гориво и намирници во регионот, освен во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.