Турско-италијанските морнарици спроведуваат заеднички мисии за обука во Источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана во понеделникот.

Поморските обуки беа спроведени помеѓу 17-18 јуни 2020 година помеѓу фрегатата на турската морнарица  „ТЦГ Барбарос“ и италијанската фрегата „ИТС Алпино“.

Во твит, турското Министерството соопшти дека двете морнарици имаат најефикасна морнаричка сила во Средоземното море и ќе продолжат да ја подобруваат нивната интероперабилност со поморскиот тренинг.

Турција и Италија, и двете членки на НАТО, се две регионални сили кои делат заеднички интереси. Анкара и Рим, исто така, ја поддржуваат либиската Влада за национална спогодба, признаена од ОН, која потпиша два посебни пакта со Турција, едниот за обезбедување воена соработка, а вториот за споделените поморски граници на државите од Источен Медитеран.

Поморскиот договор и дава пристап на Анкара до економска зона преку Медитеранот, и покрај забелешките од Грција, администрацијата на кипарските Грци и Египет.

Турција која постојано го оспорува едностраното дупчење на кипарската администрација во Источниот Медитеран, тврди дека земјата исто така има права на ресурсите во областа.

Поморскиот пакт ги утврдува правата на Турција и ги разјаснува правата на Турската Република Северен Кипар во Источниот Медитеран во услови на еднострано дупчење од администрацијата на кипарските Грци.

Претходно оваа година, Грција потпиша договор со администрацијата на кипарските Грци и Израел за гасоводот Источен Медитеран, или „ИстМед“, огромен проект за гасоводот за испорака на гас во Европа.

Исто така, Грција неодамна потпиша договор за поморска граница со Италија на Јонското Море, разрешувајќи ги суверените права кои имаат за цел зајакнување на нивното влијание во територијалниот спор со Турција.

Сојузниците на НАТО, Грција и Турција имаат долготрајни спорови, вклучително и за територијалните права во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.