Келнер се истепал со турист на главната улица во Сплит, Хрватска, а снимката веќе е хит на социјалните мрежи. Како што пренесува „Слободна Далмација“, причина за тепачката е – десерт.

Наводно, Французинот порачал палачинки, но одбивал да ги плати, затоа што нарачката му многу му доцнела. Следувала кавга што прераснала во тепачка, а подебелиот крај го извлекол туристот, кој завршил во Брза помош.

Видеото од тепачката погледнете го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.