Турција издаде поморско известување за одржување воени вежби во областа југоисточно од Крит.

Како што пренесува, „Катимерини“, официјална Анкара најави дека воените вежби ќе се одржат на 9 и 10 декември во водите меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо, а денеска издаде порака Навтекс.

Вежбите ќе се совпаднат со самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 10 и 11 декември и на кој треба да се донесе одлука за санкции против Анкара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.