Турската војска пресретнала шест грчки ловци Ф-16 во регионот од источниот Медитеран кој сега е предмет на спор помеѓу двете земји.

Турските радари регистрираа шест авиони Ф-16 кои полетале од островот Крит во правец кон Кипар. Со цел како би ги оддалечиле од регионот во кој веќе е на сила меѓународниот систем за предупредување (Наватекст) нашите авиони ги пресретнаа и примораа да си заминат, се наведува во соопштението на турксата војска.

Во последните недели дојде до заострување на односите меѓу Турција и Грција откако турскиот брод „Оруч Реис“ започна со сеизмички истражувања на источниот Медитеран, област која Грција ја смета за исклучиво нејзина економска зона.

По тој повод денеска телефонски разговараат претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и шефот на НАТО, Јенс Стонтенберг. Генералниот секретар на Алијансата во таа прилика го истакнал значењето на дијалогот и деескалација, додека Ердоган повторил дека Турција ќе ги штити нејзините права и интереси било кога и било каде.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел претходно денеска изјави дека ЕУ е подготвена да понуди шанса за дијалог со Турција, но дека во случај на пропаѓање на преговорите може да се одлучи освен индивидуалните санкции да бидат воведени и во одредени гранки од стопанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.