На југоистокот на Турција, во провинцијата Ширнак, е откриено нафтено поле со резерви од околу 150 милиони барели, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган.

Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта откриени годинава на копно. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари“, соопшти Ердоган, по владина седница.

Ердоган претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу сто илјади барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.