Турција најави дека на први и на втори септември ќе одржи воени вежби во источниот Медитеран, зоната која предизвикува тензии со Грција, поради сеизмичките истражувања.

Најавата на Анкара следи неколку часа пред грчкиот парламент да го ратификува договорот со Египет за дефинирање на поморските граници меѓу двете земји, а кој Турција го смета за нелегитимен.

Грција и Турција, двете членки на НАТО, се спорат околу контролата над водите од источен Медитеран и правата на експлоатација на јаглеводород.

Тензиите ескалираа кога турската морнарица на 10 август објави дека нејзиниот брод „Оруш Реис“ ќе спроведува истражувачко дупчење во спорната област во тек на две недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.