Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека Турција и официјално побарала Обединетите нации и другите меѓународни организации да го променат името на неговата земја во Туркије.

Анкара денеска ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери и очекува промената на името да стане официјална веќе неделава – изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолу.

ОН се подготвени за промената, а официјална Анкара ја поттикнува промената во Туркије од англиската верзија „Туркеу“ во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција, вклучувајќи го и пренесувањето на вестите од надворешната политика, додаде министерот.

Потегот за ребрендирање уследува по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Тајип Ердоган на англиски, француски и германски, да се промени името на неговата земја во Туркије (Türkiye), вклучително и при етикетирање на извозните производи.

Името Туркије на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација – се наведува во декретот на Ердоган.

Меѓутоа, останува нејасна точната причина за промена на името на државата и времето во кое се случува. Државната телевизија ТРТ во декември цитираше напис за „непосакуваната“ конотација на името Турција на англиски, наведувајќи дека тоа или се однесува на „големата птица родена во Cеверна Америка“ или „кога нешто ќе тргне многу на лошо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.