Турското министерство за здравство побара дозвола за итна употреба на домашната вакцина „Турковак“.

„Турковак“ е вакцина развиена од турското Министерство за здравство, Турскиот здравствен институт и Универзитетот Ерцијес, при што се завршени првата и втората фаза на испитување, а третата фаза е при крај.

Се надеваме дека до крајот на годината вакцината ќе биде во широка употреба. Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и целиот свет – изјави министерот за здравство на Турција, Фехратин Коца.

Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцина против Ковид-19, а се употребувани вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и „Синовак“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.