Во страотна сообраќајна несреќа на автопатот А-3 во Хрватска, кај Окучани, меѓу местата Новска и Нова Градишка, попладнево загинаа тројца млади српски државјани, откако со автомобилот се судриле со камион, јавуваат локалните медиуми.

Според извештаите, возачот на камионот е 25-годишен Босанец, кој бил во голем шок. Тој изјавил дека во моментите кога сакал да се исклучи од автопатот, во камионот со голема брзина се забил автомобилот во кој биле патниците од Србија, велат од полицијата.

Во сообраќајката, чии околности и локација морничаво потсетуваат на несреќата во која загина македонската музичка легенда Тоше Проески, загинале две машки лица од 35 и 38 години, како и жена стара 57 години, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, загинатите биле членови на исто семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.