Во минатото деноноќие на Косово се регистрирани три нови смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период се регистрирани 290 нови позитивни на корона вирусот.

Според последните официјални статистики, од појавата на епидемијата досега, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 62.548 лица, од кои починале 1.526 заразени.

Согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во зминатите 24 часа, како излекувани се евидентирани 189 лица, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 54.231.

Активни носители на вирусот во моментов, вклучително денешните податоци, се 6.791 лице.

Вчера се извршени 2.388, а вкупно досега 252.163 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Косовскиот министер за здраевство Арменд Земај минатата недела соопшти дека три од триесетте мостри испратени на испитување во Германија, резултирале позитивни на новата, таканаречена британска варијатна на корона вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.