Во вчерашниот масакр во Цетиње, меѓу жртвите се и тројца кумови чија приказна ја раскажува Стандард. Едниот од нив загина, другиот го загуби семејството, а третиот пукаше во убиецот Бориловиќ.

Се работи за Милош Мартиновиќ, Митар Митровиќ и Ненад Калугеровиќ.

Бориловиќ, кој бил газда на Мартиновиќ, ја убил неговата сопруга Наташа и нивните два малолетни синови, кои се и најмладите жртви во масакрот.

Мартиновиќ ѝ се јавил на сопругата. Таа не му одговорила, па тој се јавил на кумот Митар Митровиќ (37), барајќи од него веднаш да отиде во нивниот изнајмен стан и да провери што се случува. Митровиќ тоа го направил без да каже збор.

Во меѓувреме, Мартиновиќ добил телефонски повик од убиецот, кој лично му кажал дека ги убил сопругата и синовите.

Митровиќ, кој неодамна се оженил и добил дете, панично го напуштил домот и загрижен за семејството на својот кум, ненаоружан заминал на местото на злосторството, каде и го загубил својот живот од раката на Бориловиќ иако двајцата одамна се познавале.

Калугеровиќ, пак, кој е кум на Митровиќ, пукал во Бориловиќ и убивајќи го го прекинал крвопролевањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.