Вистинска драма се случувала кога роднините и родителите на починатите тинејџери пристигнале на местото каде што се случи трагедијата во Бих, кога осум тинејџери на возраст меѓу 18 и 19 години загинаа во викенд куќа во Посушје, во Западна Херцеговина.

Според БХРТ, родителите едвај можеле да застанат на нозе, обземени од болка и тага, додека жителите на Посушје со неверување гледале во правец кон викендицата каде што биле пронајдени младите по прославата на Новата година.

Додека траат очигледните активности, не би прејудицирал ништо. Сепак, нема преживеани. Во таа куќа имаше осум лица. За жал, никој не преживеа. Во соседната куќа имаше и помлади луѓе, кои чекаа на Нова Година и кои први забележале дека никој не ја напушти соседната куќа. После тоа, тие се обидоа да влезат во викендицата. Вратата беше заклучена. Еден влезе и виде дека сите присутни се бесознание на приземјето. Тој ја известил полицијата – информира комесарот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Западна Херцеговина, Милан Галиќ..

Истрагата е во тек, а полицијата ќе објави нови информации по неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.