На социјалните мрежи кружи фотографија од трогателна сцена на која се гледа германски овчар кој не се поместува од натстрешницата на еден локал во Белград.

Корисничката на Твитер која ја објавила фотографијата објаснува дека соседот кој му бил газда починал пред десетина дена и дека од тој момент кучето најверојатно останало само.

Кучето изгледа некако успеало од терасата да премине на натстрешницата и таму со денови си го чека газдата. За него во моментов се грижат соседите кои редовно му носат храна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.