Ако не заплачеше тримесечната Софија, веројатно српското село Виничка сега ќе беше во тага за семејството Малеш.

-На полноќ заплака нашето бебе.Сопругата го слушна нејзиниот плач и отиде до неа,а после се слушна како се крши нешто на покривот.Сфати дека нешто гори. Ме разбуди, го земав бебето и право излеговме надвор,не стигнав ништо да облечам.Толку бевме преплашени од оганот на покривот, што немавме време да ги земеме ни основните работи.Истрчавме надвор и видовме огромен пламен кој се издига над нашата куќа – изјави Мирко Малеш за Блиц.

-Прво што ми помина низ мислите во тој момент беше да ја заштитам ќерка ми од студот.Ја ставив во автомобилот и отидовме до најблиската куќа.Во меѓувреме повикав пожарна“, изјави Малеш за Блиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.