Лидерот на најголемата парламентарна партија во бугарскиот Парламент, Слави Трифонов, на Фејсбук порача дека доколку таканаречените „протестни партии’ не гласаат за владата на „Има таков народ“, резултатот ќе биде суспензија и одложување на сите реформи.

Трифонов смета дека тоа објективно би било предавство од протестните партии и ќе доведе до нови предвремени парламентарни избори и радост за поранешните бугарски властодршци од ГЕРБ.

Според Трифонов, тоа би ги задоволило и интересите на партиите што се за статус кво ситуацијата во Бугарија, како и неможноста на протестните партии да му објаснат на бугарскиот гласач зошто му го прават сето ова.

Националното собрание на Бугарија во среда мора да гласа за владата предложена од „Има таков народ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.