„Има таков народ“ го претстави својот владин кабинет.  Претходно нивните имиња на идните министри беа претставени на три  средби на ИТН со „Стани БГ! Доаѓаме “, Демократска Бугарија и БСП.

Партиите најавиле дека ќе ги разгледаат имињата во нацрт -кабинетот и потоа ќе одлучат дали ќе ја поддржат владата на ИТН, објави  БГНЕС.

Партијата на Слави Трифонов има рок до петок да го спроведат истражниот мандат или да му го вратат на претседателот Румен Радев.

Преговори започнаа прво со  „Стани БГ! Ние доаѓаме “.

Ги слушнавме имињата на кандидатите за министри, ќе разговараме за нив во пратеничката група, е краткиот коментар по разговорите зад затворени врати, на Маја Манолова. Таа беше категорична дека нејзината партија  ќе одлучи дали ќе го поддржи идниот кабинет до крајот на парламентарната процедура.

Втората средба на ИТН беше со Демократска Бугарија. Оттаму се изјаснија дека е рано да се каже дали ќе го поддржат кабинетот.

Разговараме за сите добри и лоши страни. Во парламентарната група ќе разговараме за поддршката или не за оваа влада, рече Владислав Панев.

Христо Иванов истакна дека пратеничката група на ДБ треба да одлучи дали ќе и даде поддршка на вака претставената влада, а потоа одлуката треба да ја донесе колективното тело на партијата. Имињата на министрите се уште не се официјално објавени во јавноста.

Апоред лидерот на БСП, Корнелија Нинова, следниот чекор во преговорите со „Има таков народ“ е да се најде некаква форма на политичка поддршка помеѓу политиките на двете партии.

Според неа одлуката дали да се поддржи  кабинетот на „Има таков народ“ ќе биде донесена по состанокот на Националниот совет на БСП кој треба да се одржи денеска.

Целата листа на министри во новата влада на Бугарија, претставена во Собранието од кандидатот за премиер Пламен Николов:

Петар Илиев – министер за внатрешни работи

Ради Најденов – министер за надворешни работи

Момчил Иванов – министер за правда

Теодора Генчовска – министер за одбрана

Десислава Димитрова – министер за економија

Александар Николов – министер за енергетика

Ивајло Кожухаров – министер за туризам

Гроздан Караџов – министер за транспорт, информатичка технологија и врски

Георги Георгиев – министер за регионален развој и јавни работи

Пламен Абровски – министер за земјоделство, храна и шумарство

Пламен Данаилов – министер за финансии

Силвија Бакарџиева – министер за животна средина и вода

Теодора Пенева – министер за труд, социјална и демографска политика

Велислава Петрова – министер за образование, труд и иновации

Д-р Силви Кирилов – министер за здравство

Радостин Василев – министер за млади и спорт

Георги Султанов – министер за култура

Д -р Антонија Валентинова – министер без ресор за ромски прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.