Видео на кое се гледа како тројца млади момчиња малтретирааат друго момче, се шири на социјалните мрежи. Видеото наводно е направено во Кастела, Хрватска, а целиот настан го снима друго момче.

Во описот на видеото, на кое реагираа луѓето од целиот регион, се вели дека тој е млад човек со посебни потреби, но тие информации не се потврдени.

На видеото се гледа дека момчето го удираат со рацете, а во еден момент и еден од присутните го удра со нога по главата. Исто така, еден од нив го удрира со коленото во главата. Во еден момент, младиот човек се најде на подот од силината на ударите.

Можете да се слушне дека момчето зборува за пари: „Ќе донесам, еве, ќе донесам“.

Многумина го осудија чинот на младите и побараа соодветно да бидат казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.