Во тешката сообраќајна несреќа која се случи во Германија, загинаа Анѓела М.(19), и нејзиното момче Милош С.(20) и вујко и.

Германските лекари се борат за животот на тешко повреденото дете(14), брат на настраданата Анѓела, кој засега реагира само на гласот на мајка му.

Таткото на Анѓела е исто така повреден во несреќата, но е вон животна опасност и е под седативи.

Како што се дознава, Милош во Германија отишол на 31 јули за да ја изненади Анѓела, бидејќи првично се договориле да оди на 7 август.

Во моменетот на несреќата, Анѓела, нејзиниот брат, татко и Миле, момчето Милош и вујко и оделе во обиколка на градот.

Германските медиуми пренесоа дека несреќата се случила во неделата во Ротенбург во германската област Баварија кога возачот на форд во кој се наоѓале загинатите Срби, удрил во знакот стоп, а потоа се одбил и удрил во автомобил, марка голф, кој го отфрлил на пежо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.