Утринава македонски автобус се преврте во провалија во Прокупље Србија. Македонското МНР соопшти дека нема загинати, но дека има 26 повредени патници, претежно од Радовиш.

До несреќата дошло кога автобусот со македонски регистарски таблички одел во правец на Копаоник, а потоа од непознати причини се превртел.

Патниците тргнале на еднодневен излет до Копаоник. Оние со полесни повреди се згрижени во Здравствениот дом во Блац, а оние со потешки повреди во болницата во Прокупље.

По патниците кои се неповредени, дошол друг автобус, а се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодена брзина на автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.