Лекарите се уште се борат за животот на штотуку роденото бебе, чија мајка Јована Миленковиќ (24) утринава почина во болница, по страшната несреќа која вчера се случи при судир на фиат пунто и автобус.

Таткото на бебето Стефан Илиќ (27) загинал на лице место, а неговата сопруга почина еден ден подоцна, откако беше породена со царски рез. По породувањето машкото бебе е во животно загрозувачка состојба и лекарите се борат за неговиот млад живот.

Несреќата се случи на делницата Крушевац – Капоник вчера во 6.45, кога на патот покриен со снег и мраѕ, директно се судриле автобусот на „Југопревоз“ и „фиат“ во кој се наоѓале четири патници.

Автобусот со кој управувал Бојан Ј. (37) се излизгал, поминал во спротивната лента и удрил во автомобилот.

Од силината на ударот Стефан Илиќ, кој управувал со автомобилот, ѕагинал на самото место. Трудницата беше тешко повредена, а во нејзиното извлекување од смачканото возило учествувале неколку луѓе – рекол извор од местото на несреќата.

Несреќната девојка останала заглавена во искршениот фиат, па повеќе од 20 минути се обидувале да ја извадат.

Според зборовите на роднина на семејството Миленковиќ од Ѓунис, Јована тргнала во болница бидејќи добила контракции.

Појдоа кон болница Стефан, Јована, татко ѝ и сестра ѝ. Невреме беше, паѓаше снег, а патот беше тешко прооден. Таа почна да се пораѓа, иако терминот ѝ беше 20 јануари – раскажуваат роднините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.