Постар маж е третата жртва од коронавирусот во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Се работи за 67 годишно лице, кое во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана било донесено од домашно лекување и во тешка состојба. Според лекарите човекот не починал како директна последица од Ковид-19 и објаснија дека се работ за многу компликуван случај.

Синоќа пак 90 годишна жена сместена во домот за стари лица во Метлика почина како последица од Ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.