Група граѓани на Босна и Херцеговина тужат неколкумина тамошни политичари што доцнат со набавката на вакцините.Во тужбата која е доставена до Обвинителството на БИХ се наведува дека со доцнењето директно го загрозиле нивното здравје и оти одговорност за таквото однесување мора да има.

Се формирала и посебна група наречена „Сакам и јас“ на која граѓаните се приклучуваат на тужбата и досега се пријавиле неколку илјади граѓани.

Босна и Херцеговина слично како и Македонија е црн рекордер и по број на починати и заразени а набавени се само неколку илјади вакцини за медицинските лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.