Еден 22-годишен Словенец убил тројца роднини во местото Јанче кај Љубљана, а потоа извршил самоубиство, јави агенцијата СТА.

Злосторството се случило синоќа околу 21 часот, а според првите информации, мажот со ладно и огнено оружје убил тројца блиски роднини на возраст од 26, 56 и 60 години. По интервенцијата, полицијата го пронашла телото на осомничениот на местото на злосторството.

Повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.