Тело на тригодишно девојче било пронајдено пред семејна куќа во Прахово кај Неготин, пишува српскиот портал курир.рс.

Телото на загинатото девојче било пронајдено утринава околу 4.00 часот.

Како што откриваат српските медиуми, родителите во првата изјава за полицијата рекле дека девојчето под непознати околности паднало од терасата на домот.

Полицијата изврши увид и истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.