Драган В. (39) од Александровац и Ирена Р. (35) од Нови Сад загинале на Копаоник кога удриле во дрво и се превртеле. Тие починале во моментот кога нивните моторни санки се забиле.

Трагедијата се случила доцна навечер во саботата, околу 23 часот, а малку пред тоа се запознале во кафуле.

Ирена била во кафуле со друга девојка, а таму бил и Драган со своето друштво. Тие не се познаваа и се забавуваа одделно. Сите уживаа во друштвото и убавата атмосфера до затворањето на кафулето. Тогаш девојките прашале дали некој може да ги вози до подножјето на планината, односно до сместувањето. Драган и уште еден дечко се понудиле, бидејќи имале санка. Ирена седна со Драган на моторна санка и се случи тоа што се случи – објаснува соговорникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.