За време на зимската сезона, Копаоник е преполн со туристи, а општо познато е дека баровите кои се наоѓаат на добри локации имаат високи цени за нивните услуги.

Во прилог на тоа, една девојка на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија од сметката што ја добила во угостителски објект на Копаоник.

Девојката била во шок и во описот на фотографијата напишала дека дека за чај платила 350 динари (180 македонски денари), што во суштина е само топла вода.

Вкупната сметка за уште две кафиња, вода и сок изнесувала 2.470 динари (1.300 денари).

Оваа ароганција го налути народот, кој само коментираше под објавата, пишуваат српските медиуми.

Инаку, веќе е добропознато, неколку сезони наназад Копаоник е навистина добра дестинација за оние со „подлабок џеб“.

Без 500 динари (250 денари), тешко дека ќе може да појадувате, а доколку се напиете и кафе и некој пијалак тоа ќе ве чини околу 1.000 динари (500 денари).

Доколку за ручек сакате да јадете порција пилешко месо и салата, тогаш ќе мора да издвоите 1.500 динари (750 денари), плус дополнително за пијалак.
Еспресото исто така не може да го испиете по цена пониска од 250 динари (околу 125 денари), а за ирско кафе ќе ви бидат потребни околу 530 динари (265 денари).

Ова се дел од цените за пијалаци:

сокови, 320 динари (160 денари),
цедени сокови – 470/590 динари (235/295 денари)
ракија, 350/550 динари (175/275 денари),
пиво, 350/650 динари (175/325 денари).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.