Еден од најпознатите српски адвокати Тома Фила вели дека имал увид во белешките на државната безбедност за имотот што го поседувал претседетелот на Југославија Јосип Броз Тито.Но, не му паѓало на памет за тоа јавно да говори или пак да го објави бидејќи лесно можело да му летне главата.

Во списокот има бројни автомобили, ордени, колекција на ументички слики, зкатен накит,кристални предмети, библиотека но и куќи во Добановци и Мароко-открива Фила.

Своевремено Фила го прашал и тогашниот амбасадор на Мароко во Југославија дали знае каде е куќата на Маршалот но тој му одговорил дека не можат да ја пронајдат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.