Вечерва, точно на полноќ, нов прилично силен земјотрес ја погоди Албанија.

Земјотресот според првичните информации бил со јачина од 4.5 степени според рихтер.

Граѓаните и натаму не се враќаат во домовите и покрај силното невреме проследено со дожд кое беснее во овој дел од Албанија.

Земјотресот бил на 10 км длабочина во Драч. Потресот беше почуствуван и во делови на Македонија.

Силниот земјотрес кој во вторникот наутро ја погоди Албанија од 6.4 степени однесе најмалку 40 животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.