Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Хрватска две минути пред 11 часот.

Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека земјотресот бил доста силен со епицентар недалеку од Петриња, кај Глинска Полјана.

Интензитетот на земјотресот во епицентарот е од 5-ти степен на скалата ЕМС.

Ова е серија последователни земјотреси, кои се намалија малку, но сè уште траат, изјави сеизмологот Томислав Кук за хрватски Медиа Сервис

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.